На 23 февруари 2018 година, наставничките Снежана Поп- Стефанија и Теута Бедиу ја реализираа интеркултурната активност на тема “Кујнските садови” во рамки на Еко- секцијата. Цели на активноста беа: поттикнување на развојот на детската фантазија и на креативниот потенцијал; развивање на ситната мускулатура на раката при ракување со сликарскиот прибор; меѓусебна соработка, комуникација и дружење; како и именување на геометриски форми (корелација со математика).