На 1. март 2018 година тандемот наставници Виолета Костова и Урим Сули ја спроведоа активноста „Лапонските традиции“ планирана во рамки на секцијата Народите на светот. Учениците со задоволство работеа во тим и со голем интерес ги следеа сите активности подготвени од страна на наставниците.

За време на активноста се прикажува видео презентација на Лапонија. Во позадина се пушта музика. Учениците лепат листови на хамер и околу него цртаат поими кои најмногу ги потсеќаат на Лапонија. Секоја од групите кратко го презентира својот хамер. Прекрасна атмосфера, соработка, насмеани и среќни деца. В. Костова и У. Сули.