На 11 март 2017 година НДЦ Скопје имаше чест да прими признание од страна на Советот за интегрирано образование на Северна Ирска (НИЦИЕ), кое беше врачено од страна на г-ѓа Паула Mеклвејн. Признанието беше доделено за време на меѓународната конференција за интегрирано и интеркултурно образование кој беше организирана од страна на НДЦ Скопје.

Ми претставува задоволство што во име на Советот за интегрирано образование на Северна Ирска имам прилика да ја доделам оваа награда- признание на Нансен дијалог центар Скопје. Ние сме импресионирани од професионализмот и посветеноста на сите вработени во НДЦ Скопје, па следствено на тоа, би сакале да го доделиме ова признание на сите тимот на НДЦ Скопје за нивниот ангажман и посветеност за развој на интегрираното и интеркултурното образование “- истакна г-ѓа Паула Меклвејн.

Признанието беше примено од страна на извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски, кој изрази благодарност за конструктивната соработка и поддршката обезбедена од страна на Советот за интегрирано образование на Северна Ирска во областа на интегрираното и интеркултурното образование, особено поддршката за професионална надградба во рамки на Тренинг центарот за интегрирано образование при НДЦ Скопје.

НДЦ Скопје и НИЦИЕ имаат изградено одлични партнерски односи со цел размена на експертиза и искуство во областа на интегрираното образование. Официјалниот меморандум за соработка помеѓу НДЦ Скопје и НИЦИЕ беше потпишан во 2013 година.