На 30 септември, 2017 година, НДЦ Скопје оствари средба со Министерката за образование и наука, Рената Дескоска и членовите на управните одбори на НДЦ Скопје и Фондацијата за интегрирано образование: Елизабета Зилјстра Јовановска – претседател на одбор на НДЦ Скопје, Бенте Кнагенхјелм – Нансен Центар за мир и дијалог, Осло, Норвешка, Норин Кемпбел – поранешна директорка на НИЦИЕ, Ерван Фуере, поранешен амбасадор во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Зви Бекерман – школа за образование, Мелтон Центар, хебрејски универзитет, Израел, Симоне Филипини, директор на Институтот за мултилатерална демократија, Холандија, Стеинар Брин – основач на Нансен дијалог мрежата, Лилехамер, Норвешка, Најџел Арнолд – директор на интегрирано основно училиште во Гленгормли, Белфаст, Северна Ирска.

Агендата на состанокот беше продолжение на дискусиите во врска со презентациите на директорите од Нансен- модел училиштата како основа за изнаоѓање начини за активирање на Фондацијата за интегрирано образование со цел да ги постигнат нејзините цели за делување.

Членовите на управните одбори ја информираа министерката Дескоска за општите случувања поврзани со работата и активностите на НДЦ Скопје, нивните поединечни улоги и ангажирањето на членовите на одборот, а беше разговарано и за натамошно зајакнување на соработката со МОН.

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска ги информираше членовите на Управниот одбор за започнатата соработка со НДЦ Скопје и плановите за вклучување на НДЦ Скопје како активен партнер во образовните реформи во образованието. Беше разговарано и за потребата од поддршка и зајакнување на меѓукултурната компонента во образовниот процес во Македонија и дека овој процес треба да претставува инклузивен и темелен пристап.