На 17. и 25. април 2018 година наставничките Љуљета Азири и Јасмина Ефремоска ја реализираа воннаставната активност на тема „Украси- оригами“. Цели на активностите беа: поттикнување на позитивно расположение во групата, како и зајакнување на интеракцијата помеѓу децата; воведување на учениците во процесот на изработка на украси; развивање на ситната мускулатура на раката при ракување со приборот за работа; оспособување за учење низ игра; учење на поими на двата јазици (македонски и албански) во врска со темата; поттикнување меѓусебна соработка и почитување во текот на работата; поттикнување на трпеливост, прецизност кај учениците при спроведување на активностите и работата; развивање на креативност и инвентивност; да се оспособат учениците за препознавање на естетските компоненти во крајниот производ.

“За време на главниот дел учениците се поделија во 4групи и ги реализираа следниве активности: првата група изработуваше оригами- очила и играчки; втората група изработуваше оригами-салфетки; третата група изработуваше оригами-фустан и кошула; четвртата група изработуваше оригами-нинџа ѕвезди.
Во завршниот дел сите учениците ги изложија изработените оригами “
Љ. Азири и Ј. Ефремоска