На 24 ноември 2017 година наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала заедно со учениците од III одд. одржаа интегриран наставен час на тема „Со музика низ Македонија “. Цели на активноста беа: одржување позитивна емоционална клима во групата преку презентирање на детско народно музичко творештво; развивање чувство за ритам при изведување на традиционални народни танци и запознавање  на  музички инструменти. Учениците активно учествуваа во игрите и во проектните активности,  со задоволство соработуваа  и се дружеа притоа запознавајќи се и изработувајќи  музички инструменти. Покажаа желба и креативност при работата и лесно комуницираа.