На 9-ти и 16-ти март 2018 година, наставничките Ленче Анѓелкоска и Африме Дурмиши ја реализираа дневната воннставна активност на тема „Игри за запознавање на учениците“. Цели на активноста беа:
• Запознавање на учениците и помнење на имињата на новите другарчиња;
• Да се развива чувството на радост и задоволство при учењето низ игра;
• Поттикнување на учениците за меѓусебно соработување и помагање при изработка на првото кокиче;
• Вежбање прецизност и трпеливост при сечење апликации со разна форма и големина.
„За време на активноста и со цел учениците да ги запомнат имињата на нивните другарчиња ја применивме играта „Фати ја топката“. Учениците се редат во круг од највисок до најнизок. Наставничките се во средина на кругот и ја фрлаат топката на учениците. Ученикот ја фаќа топката, го кажува своето име и повторно ја враќа топката кај наставничките. Другите го повторуваат неговото име два пати. Топката треба да биде додадена кај секој ученик, при што се дава можност секој да си го каже своето име“ Наставничкиот тандем Л. Анѓелкоска и А. Дурмиши.