На 18 јуни 2014 г. во рамките на Тренинг центарот- Нансен модел за интегрирано образование беше реализирана првата обука од програмата за директори.  Тема на првата обука наменета за директорите од основните и средните училишта беше “Проектен менаџмент во мултиетнички основни и средни училишта“. Обуката беше подготвена и реализирана од страна на проф. д-р Зоран Велковски (професор при Филозофски факултет-Скопје, на Институтот за педагогија).

Програмата за обука на директори ќе понуди четири еднодневни предавања коишто ќе се реализираат до крајот на 2014 година.