Во периодот 22-27 март, 2017 година учесниците од основното ниво на обука за интегрирано образование во Скопје при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на практичните модули во рамки на програмата за обука за интегрирано образование. Практични модули за Нансен моделот за интегрирано образование беа организирани во ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, додека воннаставните активности според Нансен моделот беа реализирани од страна на наставничките и Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче. Со учество на практичните модули и преку набљудување на интегрираните воннаставни активности, учесниците имаа можност да научат повеќе за практичните методи кои се применуваат во Нансен модел училиштата и да се запознаат одблиску со начинот на спроведување на Нансен моделот за интегрирано образование.