На 13. и 20. април 2018 година, наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала ја реализираа активноста „Од трпезата на мојата баба“ со цел учениците да се запознаат со најчестите специјалитети кои се дел од традициите на нивните семејства и кои се пренесуваат го генерации.

„Учениците имаат задача да сервираат маса за ручек со карактеристични традиционални јадења . Секоја група подготвува различна трпеза (местат прекривка, салфети, чинии, виљушки, чаши). Децата активно учествуваа во активностите со задоволство соработуваа во изработка и украсување на трпезата се дружеа притоа  вкусувајќи ги прекрасните јадења подготвени од нивните баби“, Т. Бајрактарска и Х. Ала.