Врз база на одредените критериуми за селекција на училишта во кои ќе се примени „Концепцијата за интеркултурно образование“ во период од две учебни години:  2017/18 и 2018/19 година, СУ „Браќа Миладиновци“ Скопје е едно од избраните училишта за спроведување на Конецепцијата за интеркултурно образование.

Целта на проектот е практична примена на „Концепцијата за интеркултурно образование“ во модел училишта, конкретно, спроведување на тематските групи под број 2, 3, 4 и 5:

  1. Компетенции за интеркултурно образование на воспитно-образовниот кадар;
  2. Воннаставни активности;
  3. Амбиентот во воспитно-образовните институции;
  4. Односите на воспитно-образовните институции со пошироката заедница.

Проектот финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.