Како дел од Еко-секцијата, на 18. април 2018 година наставничките Валентина Босилковска и Линдита Јусуфи ја реализираа пролетната активност. Цели на активноста беа:

  • поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка,
  • поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата,
  • оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање,
  • охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување,
  • зајакнување на самодовербата кај учениците,
  • поттикнување на детската оригиналност, креативност,
  • развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи итн.