На 17 и 23 јуни, 2014 г. учесниците од 3 и 4 група во рамките на Тренинг центарот при НДЦ Скопје присуствуваа на обуките со локалните експерти организирани во склоп на основното ниво на обука за интегрирано образование.

На 17 јуни 2014 г. учесниците од 3 и 4 група присуствуваа на предавањето реализирано од страна на проф. д-р. Зоран Велковски од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на тема „Дефинирање на цели и задачи на интегрираните воннаставни активности“ додека на 23 јуни, 2014 г. учесниците присуствуваа на предавањето реализирано од страна на проф. д-р. Флорина Шеху од Педагошкиот факултет во Скопје на тема „Комуникација помеѓу тимовите и тандемите на наставници во мултикултурни училишта“. Учесниците активно учествуваа на сите сесии составени од мноштво интерактивни активности и вежби.