Во организација на Комитет за односи меѓу заедниците, при Собрание на РСМ, беше оддржана седницата посветена на темата: Говор на омраза како валута на национализмот: институционален одговор на РСМ. На истата активно учество имаа неколку граѓански организации, меѓу кои и Нансен Дијалог Центар Скопје. Извршниот директор на НДЦ Скопје, Ветон Зеколи, го претстави развојниот пат на активностите и нивното влијание и придонес  врз промоција и примена на интеркултурниот пристап во воспитно-образовната сфера, во насока на превенција на конфликти и градење на мирот во општеството.