На 27.09.2021, по повод Европски ден на јазиците, Агенција за примена на јазикот организираше тркалезна маса посветена на темата: Европскиот концепт на јазичен диверзитет во денешната реалност – Состојба и предизвици во Република Северна Македонија.

Помеѓу панелистите беше и Ветон Зеколи, извршен директор на Нансен Дијалог Центар Скопје, кој ги пренесе искуствата на Нансен модел за интеркултурно образование и придонесот на истиот во негувањето на јазичниот диверзитет во образованието.