На 19. и 26. април, 2018 година, наставничките Гордана Томеска и Сузана Вејсели ги реализираа интеркултурните активности како дел од еко-секцијата која што се реализира со учениците. Цели на воннаставните активности беа:
- поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка;
- поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата;
- оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање;
- охрабрување на учениците за невербална комуникација во двојазично опкружување;
- зајакнување на самодовербата кај учениците;
- поттикнување на детската оригиналност, креативност;
- развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи;
Учениците соработуваа и се помагаа едни со други во текот на подготовката на изработките. Покрај поттикнувањето на учениците за меѓусебна соработка, помагање и дружење, целта на активноста исто така беше да се развива чувството грижа кон животните.