На 7-ми февруари, 2018 година тимот составен од директорката на училиштето Емилија Ангелова и професорите Орнела Џафери и Љупка Гајдовска ја реализираа интеркултурната активност на тема„Човекови права“. Цели на активноста беа:
– Поттикнување на љубопитноста кај учениците за откривање на нивните човекови права и обврски;
– Поддржување на учениците за самоорганизирање при спроведување на групни задачи;
– Поттикнување на логичното и флексибилно мислење кај учениците.