(01.09.2011) Започна новата учебна година во интегрираните паралелки при ООУ Маршал Тито, каде во текот на 2011/2012 година редовна настава и интегрирани воннаставни активности ќе посетуваат ученици од второ одделение.
И во оваа учебна година за учениците се предвидени разновидни игровни интегрирани активности коишто ќе го збогатат и надополнат редовниот наставен процес, а со цел поддржување на меѓусебна соработка, помагање, почитување и дружење како на учениците, така и на наставниците од македонската и турската етничка заедница.