На 10 јуни 2015 година, Нансен дијалог центар Скопје организираше настан за доделување на сертификати за учениците и наставниците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование во ООУ „Маршал Тито“ Струмица во периодот од 2010- 2015 година.

На присутните им се обратија директорот на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски и менаџерот на Тренинг центарот Биљана Крстеска- Папиќ кои дадоа осврт за процесот на имплементација на Нансен моделот за интегрирано образование во ООУ „Маршал Тито“ во општина Струмица. Покрај доделувањето на сертификати за учениците вклучени во проектот, НДЦ Скопје им врачи признанија на наставниците кои беа непосредни реализатори на интегрираните активности. Признанијата им беа доделени на наставниците Љубинка Цветанова, Мејдин Усинов и Даниела Митева кои во текот на нивните обраќања си споделија впечатоците поврзани со придобивките и резултатите од примената на Нансен моделот за интегрирано образование. Поради одличната соработка со секторот за образование при општина Струмица, НДЦ Скопје додели благодарница на Соња Чурлинова, поранешен претставник од секторот за образование при општина Струмица. При нејзиниот говор, г-ѓа. Чурлинова ја нагласи важноста за примена на интегрираното образование и потребата од поширока поддршка од сите заинтересирани страни.

Видео материјалот од настанот можете да го погледнете на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=OXL0-LYZetY&feature=youtu.be