Во текот на декември 2018. година, наставниците Мерита Исмаjловска и Валентина Босилковска со учениците од второ одделение ги реализираа активностите Автопат и Запрежна кола,  во рамки на Сообраќајната секција од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Во текот на овие активности учениците нацртаа автопат и на него поставија претходно изработени сообраќајни средства и на креативен начин изработија запрежна коли.

Цели на овие активности се проширување на предзнаењата на учениците како и подржување на детскиот интерес, оспособување на учениците за самостојно класифицирање на сообраќајните средства коишто припаѓаат на категоријата копнени сообраќајни средства, развивање на детската фантазија и креативност и оригиналност преку осмислување на нови сообраќајни средства како и продлабочување на конструктивните соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници.