Во текот на декември 2018. година, наставниците Виолета Паревска и Лулјета В. Керими со учениците од второ одделение ги реализираа активностите Автопат, Запрежна кола, и Велосипед, мотор, тротинет во рамки на Сообраќајната секција од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Во текот на овие активности учениците нацртаа автопат и на него поставија претходно изработени сообраќајни средства, на креативен начин изработија запрежна кола и тротинет.
Исто така реализираа новогодишни активности кои беа добра прилика за децата да пеат, играат и да се забавуваат со другарите.

Цели на овие активности се проширување на предзнаењата на учениците како и подржување на детскиот интерес, оспособување на учениците за самостојно класифицирање на сообраќајните средства коишто припаѓаат на категоријата копнени сообраќајни средства, развивање на детската фантазија и креативност и оригиналност преку осмислување на нови сообраќајни средства како и продлабочување на конструктивните соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници.