Во текот на првите месеци од учебната 2018/2019 година, наставниците Јагода Димовска и Изет Јусуфи со учениците од шесто одделение, реализираа заеднички активности од секцијата Запознај ја Македонија.

Наставниците преку различни игри ги запознаваа учениците со Нансен модел за интеркултурно образование. Учениците имаа можност да соработуваат и да се запознаваат преку активностите.

Цели на активностите во рамки на секцијата Запознај ја Македонија се,  потхранување на љубов кон татковината, како и почитување на културните различности во Република Македонија, промовирање на културното, историското, музичкото богатство и наследство, поттикнување интерес кај учениците за откривање и проучување на културно-историските знаменитости и обележја, развивање толерантен и космополитски поглед и дух кон различностите од јазичен, етнички, верски, културен карактер, продлабочување на знаењата за обележјата и вредностите на сопствениот етникум, како и за етничките заедници во Република Македонија.