Во текот на октомври 2018. година, наставниците Виолета Костова и Урим Сули реализираа заеднички активности од секцијата Запознај ја Македонија од Годишната програма за воннаставни  активности за шесто одделение.

Преку оваа активност, учениците се претставија и се запознаа еден со друг. Тие работеа во мали групи, дискутираа за нивните интереси, хобија, омилена храна, што сакаат, што не сакаат, и истите ги претставија со цртежи и ги презентираа.

Цели на активностите се поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка, оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање, охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување, зајакнување на самодовербата кај учениците, поттикнување на детската оригиналност, креативност како и развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи.