Денес во посета на НДЦ Скопје беше директорката на Асоцијацијата за историски дијалог и истражување од Кипар г-ѓа Алеф Тугберк. АИДИ е невладина организација добитник на Макс Ван Дер Штул наградата која ја доделува канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ со седиште во Хаг, Холандија.

На состанокот беше разговарано за проектите кои двете организации ги реализираат од областа на интеркултурното образование и подобрување на меѓуетничките односи преку образовнаието како и можностите за идна соработка помеѓу двете организации како добитници на престижната Макс Ванд Дер Штул награда. На состанокот присуствуваше и г-ѓа Елена Ѓореска – претставник од канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства со кој беше разговарано за идниот заеднички проект – изработка на Македонско-Албански и Албанско-Македонски разговорник наменете за млади.