Во текот на октомври 2018. година, наставниците Кристина Стојанова и Зерин Кокаљари со учениците од шесто одделение реализираа активности од Уметничката секција во рамки на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Учениците имаа прилика да се запознаат едни со други и заеднички да вршат активности во рамките на месечната тема, Бои и тонови.

Цели на активностите се, поддржување позитивна емоционална клима во групата, поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење, негување интерес за уметничкото творење како и осет за препознавање на естетското во непосредното опкружување, усовршување на вештини за правилна примена на различни ликовни техники.