Во текот на ноември 2018. година, наставничкиот тандем Фатмире Махмуди и Мирјана Невенова реализираа активности во рамки на месечната тема Бои и тонови од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности според Нансен Модел.

Со цел подобро запознавање со спектарот на боите (топлите и ладните бои), ја реализираа активноста на тема “Со топли и ладни бои до композиција“. Во текот на активноста учениците уживаа цртајќи есенски плодови со комбинација на топлите и ладните бои. Исто така тие ја реализираа активноста на тема: Како влијаат боите врз нас? Која им помогна на децата да ги изразуваат нивните чувства и креативност преку различни бои.

Цели на активностите се поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, поттикнување на креативен потенцијал кај учениците преку комбинирање на топли и ладни бои, негување интерес за уметничкото творење како и осет за препознавање на естетското во ликовното творење.