Во текот на февруари 2019., наставниците Алпина Фејзули Бешири и Милица Апостоловска заедно со учениците од четврто одделение ја реализираа дневната активност  “Природни богатства (зимски рекреативни центри)”во рамки на месечната тема “Бугарија” од Секцијата Образование за мир и толеранција на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во текот на оваа активност, учениците цртаа и боеја изработки од ски центри, изработија постер со фотографии од природните убавини и скијачкиот центар во Банско, Бугарија.

Цели на оваа активност се: поддржување и негување на конструктивни соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници, продлабочување на предзнаењата на учениците за културните обележја и специфичности на различни држави во повеќе европски региони, запознавање на учениците со природните богатства на соседните земји како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими во тесна корелација со програмските ситуации.