Циклусот на обуки од Модул А, заврши успешно со доделување на Сертификати за студентите од Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски Скопје.
Циклусот на обуки од Модул А, заврши успешно со доделување на Сертификати за студентите од Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски Скопје.
Отворање на уште еден интеркултурен, ресуресен кабинет на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје ја потврди успешната, повеќегодишна соработка на оваа високообразовна институција и НДЦ Скопје. Потпишувањето на новиот меморандум за соработка ќе овозможи заеднички исчекори во градење на интеркултурни компетенции кај идните наставници.
Споделуваме ретроспектива на активностите на НДЦ Скопје преку Годишниот извештај за 2022 година.
„Форми, методи и средства за следење, проверување и оценување на постигањата на учениците” беше темата на третата работилница од обуките на Модул Б, реализирана од страна на проф. д-р Вера Стојановска за две групи на наставници.
Петтата работилница на тема: Позитивно образование беше успешно реализирана од страна на проф. д-р Огнен Спасовски, за пет групи на наставници од Модул А. Повеќе аспекти на позитивно образование и важноста на истото во секојдневниот училиштен живот беа истакнати низ различни активности и дискусии.
„Надминување на стереотипите и предрасудите во училишните средини” е трета тема содржана во програмата за обуки од Модул А. 60 наставници и стручни соработници од речиси сите делови на државата имаа непосредна можност да ги освежат знаењата, но и да ги надградат вештините за препознзвање, справување и превенирање на стереотипи и предрасуди, често присутни во училишен контекст.
Плодната повеќегодишна соработка помеѓу канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и Нансен Дијалог Центар Скопје резултира со денешната промоција на уникатна мултијазична платформа Fraza.mk. Во присуство на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, г-дин К. Абдракхманов и г-дин Џ. Голдстајн е претставен четиријазичен разговорник, која овозможува лесно, аудио-визуелно и интерактивно запознавање со македонски, албански, турски и српски јазик.
Придобивките на оваа инцијатива ја нагласија и учесниците на панел диксусијата, односно авторскиот тим: д-р В. Лаброска и д-р Б. Сулејмани, како и националниот координатор за едно општество и интеркултурализам, г-дин Р. Алаѓозовски, директор на Агенцијата за примена на јазикот на Р. С. Македонија, д-р И. Села и директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците, г-ѓа Р. Благојевиќ.
Разговорникот е бесплатно достапен и лесно применлив за различни видови на електронски уреди, а овозможува лесно и забавно запознавање со четирите јазици.
На 2 јуни 2022 беа доделени сертификатите на наставници и стручни соработници кои успешно го завршија циклусот на обуки од Модул Ц. Им посакуваме успех во иднина и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи.
Во текот на месец мај, Тренинг центарот при НДЦ Скопје успешно ја спроведе првата работилница од Модулот А за пет различни групи на наставници. Темата на оваа работилница беше „Предизвици на интеркултурното образование”. На оваа обука за интеркултурно образование се вклучени наставници и стручни соработници од целата земја.
Тимот на НДЦ Скопје учествуваше на Меѓународна научна конференција, по повод 75 години Институт за педагогија, а посветена на воспитно-образовни предизвици и перспективи. Трудот: Интеркултурна трансформација на воспитно-образовниот процес претставен на конференцијата ја отсликува мисијата, визијата и долгогодишното искуство на НДЦ Скопје во сферата на интеркултурното образование.