Предавање на меѓународен експерт и доделување сертификати за напредно ниво на обука

На 21. февруари 2019 година, НДЦ Скопје организираше предавање на меѓународен експерт од сферата на интеркултурното образование, како дел од напредно ниво на обука за Нансен модел за интеркултурно образование. Професор Стеинар Брин од Нансен Академијата од Лилехамер – Норвешка,  кој е дел од меѓународниот тим обучувачи во рамки на Тренинг центарот, презентираше на тема “10 совети од наставник до наставници“.  Воедно, групите 19., 20., 21. при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје се здобија со сертификатите за успешно завршено напредно ниво на обука, со што се заокружува две годишниот циклус на обуки.

Сашо Стојковски, извршен директор на НДЦ Скопје искажа задоволство за работата на наставниците, начинот на имплементација и постигнатите резултати од реализирањето на интеркултурните активности. Пред присутните се обрати и Сафет Незири, државен советник за образовни политики при Министерството за образование и наука, кој ја нагласи потребата и значењето на интеркултурното образование и улогата на овој вид на обуки во зајакнувањето на интеркултурните компетенции и вештини кај наставниците од основното и средното образование во Република Македонија.

 За повеќе фотографии од предавањето посетете ја фото галеријата на www.tcnmie.org

Трета работилница од напредно ниво на обука со локален експерт

На 14, 15 и 19. Фебруари 2019. година, со групите 22., 23. и 24. од напредното ниво на обука на Нансен моделот за интеркултурно образование, во просториите на Тренинг центарот на НДЦ Скопје, беше реализирана третата работилница од страна на проф. д-р. Елена Ачковска-Лешкоска, од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Тема на работилницата беше: “Безбедно социо-емоционално опкружување во училиште”, која беше проследена со разни активности и дискусии преку кои наставниците имаа можност да ги споделат своите искуства.

Обука 28-31 Јануари, 2019 – групи 22, 23, 24

На крајот од јануари 2019. година, во тренинг центарот на НДЦ Скопје се одржа втората работилница за групите 22., 23. и 24. од напредното ниво на Нансен модел за обука за интеркултурно образование. Темата на работилницата беше придружена со активности и дискусии на тема “Непристрасен пристап во интегрирани училишта”. Во текот на оваа работилница обучувачите и наставниците ги применија главните карактеристики на обуките за напредно ниво, како што се:

  •         Интерактивен начин на работа
  •         Двојазичен приод
  •         Работа во мали групи
  •         Групна дискусија
  •         Учење по пат на решавање на проблеми
  •         Играње на улоги

Обука 21-25 Јануари, 2019 групи 19, 20, 21

Од 21. јануари до 25. јануари 2019. година, во Тренинг центарот на НДЦ Скопје, се одржа петтата работилница од напредно ниво на обука на Нансен моделот за интеркултурно образование за групите 19., 20. и 21. од исто ниво. Темата на петтата работилница беше “Интеркултурни пристапи во образовниот процес” и беше реализирана од проф. д-р. Сузана Миовска Спасева од Институтот за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Во текот на оваа работилница наставниците имаа можност да бидат дел од различни активности и да разменуваат мислења за интеркултурните пристапи во образовниот процес.

Обука 10-17 Декември 2018, групи 22, 23, 24

Од 10. до 17. декември 2018. година, во Тренинг центарот на НДЦ Скопје беа присутни учесниците на групите 22., 23. и 24. од напредното ниво на обука на Нансен моделот за интеркултурно образование. Во овие групи учествуваа наставници од училиштата: ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш, ОУ „ Гоце Делчев “ – Битола, ОУ „ Пенестија “ – Дебар, ОУ „ Толи Зордумис“  – Куманово, СОУ „Гостивар“ – Гостивар.

Темата на првата реализирана работилница беше “Градење на интеркултурна училишна средина”, за време на која наставниците и обучувачите имаа можност заедно да ги исполнуваат и неколку од главните цели на обуките од напредно ниво.

Целите на обуката од напредно ниво се:

  • Запознавање со концептот и идејата за интеркултурно образование и негови посебности и карактеристики;
  • Сензибилизирање за почитување на различноста и другоста во поширокото општествено опкружување;
  • Поддржување на конструктивната соработка и интеракцијата помеѓу наставниот кадар, како и помеѓу образовните институции од различни општини на територија на Р.М.;
  • Oспособување за квалитативна евалуација на содржинската компонента во учебникарската литература;
  • Запознавање со позитивни примери и искуства за успешна имплементација на интеркултурното образование;
  • Развивање на идејата за интеркултурно образование во македонски општествен контекст;
  • Креирање на стандарди за евалуација на различни видови на интеркултурни активности.

Обука 4-11 Декември 2018, групи 19, 20, 21

Во периодот од 4. до 11. декември 2018. година, групите 19., 20. и 21. од напредното ниво на обука на Нансен моделот за интеркултурно образование, во просториите на Тренинг центарот на НДЦ Скопје, беше реализирана четвртата работилница од страна на проф. д-р. Елена Ачковска-Лешкоска, од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Тема на работилницата беше: “Безбедно социо-емоционално опкружување во училиште”, која беше проследена со разни активности и дискусии преку кои наставниците имаа можност да ги споделат своите искуства.

Наставници и директори од Нансен модел училиштата во студиска посета на Северна Ирска

Во периодот од 20-23 ноември 2018. година, делегација составена од претставници на НДЦ Скопје, наставници и директори  од Нансен модел училиштата претстојуваа на студиска посета во Белфаст, Северна Ирска. Делегацијата беше поздравена од персоналот на Советот за Интергрирано Образование на Северна Ирска (СИОСИ) и присуствуваше на презентацијата организирана од страна на г-ѓа Пола Меклуејн која ја презентираше историјата и развојот на интегрираното образование во Северна Ирска. За време на посетата, делегацијата го посети Интегрираното основно училиште “Форџ”, каде што беа поздравени од директорот на училиштето, г-дин Невил Ватсон и персоналот на училиштето. Групата, исто така, го посети интегрирано основно училиште “Милениум” каде директорот на училиштето, г-дин Бери Кориган, одржа презентација и посета на училишните објекти. Наставниците и директорите од Насен модел училиштата имаа одлична можност да се запознаат одблиску со работата на интегрираните училишта во Северна Ирска и напорите кои беа направени за да се унапреди работата на училиштата низ годините.

Во рамките на посетата во Белфаст, извршниот директор на НДЦ Скопје, г. Сашо Стојковски одржа презентација во канцеларијата на Европската комисија во Белфаст за историјата и развојот на Нансен моделот за интеркултурно образование и неговото влијание врз целокупниот образовен систем во Македонија. На презентацијата присуствуваа претставници на одделот за образование, вработените во СИОСИ, Фондот за интегрирано образование и наставниците.

Делегацијата предводена од НДЦ Скопје беше многу среќна што имаше можност да присуствува на прославата на настанот “Големите мали приказни”, како и промоцијата на книгата “Немаше бироа” организирана од Советот за Интергрирано Образование на Северна Ирска, под водство на извршниот директор на СИОСИ, Рушин Маршал во колеџот Лаган.

НДЦ Скопје срдечно им се заблагодарува на персоналот на СИОСИ како и на сите пријатели и поддржувачи од Северна Ирска за континуираната поддршка низ годините во заедничките напори за подобрување на образованието преку промовирање на интеркултурализмот, интеграцијата и инклузијата.

Нансен дијалог центар Скопје организираше меѓународна конференција

На 27 октомври 2018 година, Нансен дијалог центар Скопје организираше меѓународна конференција на тема “Улогата и значењето на интеркултурализмот во образованието”. Конференцијата се состоеше од предавања на истакнати меѓународни експерти, кои се дел од меѓународниот тим обучувачи во рамки на Тренинг центарот. По официјалното отворање на конференцијата од страна на Биљана Крстеска-Папиќ, Паула Меклвејн од Советот за интегрирано образование на Северна Ирска ја презентираше програмата за непристрасен приод во интегрираните училишта, додека Стеинар Брин од Нансен центарот за мир и дијалог, Норвешка ги презентираше перцепциите поврзани за интеркултурното образование.

Конференцијата беше организирана како дел од програмата за основно ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје.

Користејќи го долгогодишното искуство и знаење на меѓународните експерти од Северна Ирска и Норвешка, конференцијата имаше значајна улога во процесот на сензибилизирање на различни образовни профили за потребата и придобивките од интеркултурното образование како глобален тренд, тенденција и неопходност.

Настанот претставуваше одлична прилика за јавна промоција на Прирачникот за интеркултурно образование изготвен од страна на НДЦ Скопје. Сонај Билал, координатор за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје ги претстави главните цели и намената на прирачникот.

Потребата и значењето на интеркултурното образование беше нагласено и од страна на Сашо Стојковски, извршен директор на НДЦ Скопје, Сафет Незири, државен советник при МОН и Ирена Спирковска, Мисија на ОБСЕ во Косово. Во текот на конференцијата НДЦ Скопје додели благодарница на Сафет Незири за посебен придонес и поддршка на Нансен моделот за интеркултурно образование.

На завршниот дел на конференцијата,  на 100 наставници од Македонија и Косово им се доделија сертификати за успешно завршено основно ниво на обука за интеркултурно образование.

Реализирани практични модули за НМИО

Во текот на месец Септември, 2018 година наставниците кои го следат основното ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на практичните модули во рамки на програмата за обука за интеркултурно образование. Практичните модули за Нансен моделот беа организирани во ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, додека нагледните воннаставните активности беа реализирани од страна на наставничките Анета Казиовска и Мируше Џафери. Со учество на практичните модули и преку набљудување на интегрираните воннаставни активности, учесниците имаа можност да научат повеќе за практичните методи кои се применуваат во Нансен модел училиштата и да се запознаат одблиску со начинот на спроведување на Нансен моделот за интеркултурно образование.

Работилници за реализатори на НМИО и проектни активности

Во периодот март-мај 2018 година реализаторите на НМИО воннаставните и проектните активности, во рамките на Тренинг Центарот на НДЦ Скопје, присуствуваа на работилници реализирани од страна на проф. д-р Хана Салиу, од Филозофскиот Факултет, при Тетовскиот Универзитет. Работилниците беа составени од различни активности и дискусии на следните теми: „Емпатијата како предуслов за здрава комуникација” и „Потребата за развој на критичкото мислење во мултикултурните општества”.