На 14 јануари 2016 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија ја прифати новата Концепција за интеркултурно образование како официјален документ на МОН.
Концепцијата е изготвена од страна на експертската група основана од НДЦ Скопје во партнерство со Министерството за образование и наука.
Иницијативата за креирање на Концепцијата за интеркултурно образование е дел од проектот „ Мултиетнички концепт во образованието“ имплементиран од страна на НДЦ Скопје и МОН со финансиска поддршка од Министерството за надворешни реботи на Кралството Норвешка.
Концепцијата за интеркултурно образование е базирана на истражување на мометалните прилики, состојби во повеќе моноетнички и мултиетнички училишта од рурални и урбани средини во Р.М., со цел согледување на интеркултурната димензија во основното и средното образование.
Концепцијата ќе понуди пристапи, позитивни практики и искуства за кроскурикуларна поддршка на интеркултурните вредности преку официјален и скриен курикулум. Особена придобивка на Концепцијата за интеркултурното образование ќе биде микропедагошка димензија на истата.
За да ја погледнете и преземете Концепцијата за интеркултурно образование, Ве молиме кликнете на следните линкови: