Во текот на месец ноември, наставничкиот тандем Татјана Дранговска и Саба Асани заедно со нивните ученици, одржаа воннаставни активности на тема: Приказна – Црвенкапа, од Драмската секција на Годишната Програма за воннаставни интеркултурни aктивности.

да споделуваат тоа што го  знаат за приказната  Црвенкапа, кои се позитивните и негативните ликови во приказната, да цртаат и бојат. Активностите беа добра можност за учениците да:  учествуваат во различни игри за запознавање со месечната тема. Учениците покажаа голем интерес за активностите, во исто време научија нови работи и се социјализираа со другарите од групата.

Цели на овие активности се поддржување на детската љубопитност и оригиналност како и на нивните творечки потенцијали, развивање детски творечки потенцијал, како и креативна фантазија, негување на правилно, литературно и логичко изразување при раскажувањето и прераскажувањето.