Во текот на јануари и февруари 2019., наставниците Анета Казиоска и Мируше Џафери, заедно со учениците од петто одделение спроведоа активности во рамки на месечните теми “Данска” и “Финска” од Секцијата Образование за мир и толеранција на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Во текот на овие активности, учениците имаа можност да научат повеќе за главните градови, јазикот, носиите и државните симболи и карактеристики на Данска и Финска. Поделени во групи, учениците изработија разни изработки во врска со дневните теми, соработувајќи меѓусебно.

Цели на овие активности се: поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, продлабочување на предзнаењата на учениците за културните обележја и специфичности на различни држави во повеќе европски региони како и запознавање на учениците со државните симболи на дел од државите од европскиот континент.