На 23-24 февруари, 2012 НДЦ Скопје беше домаќин на делегација од БиХ која беше предводена од г-ѓа Бернадета Галијашевиќ – Министер за образование, наука и култура од кантонот Зеница- Добој. Делегацијата беше составена од директори на училишта, педагози, наставници, професори, претставници на невладини организации, родители и ученици од Зеница и општина Варош. Целта на посетата беше запознавање со “Нансен моделот за интегрирано образование“ на НДЦ Скопје и посета на дел од образовните институции во Македонија. Организатор на посетата беше невладината организација Save the children, Норвешка.

Длегацијата од БиХ ги посети основното и средното училиште во општина Јегуновце каде се имплементира Нансен моделот за интегрирано образование. За време на посетата гостите имаа средби со директорите на училиштата и родителите на учениците со кои споделија различните искуства и информации од двете држави. Како сотавен дел на посетата, делегацијата реализираше состанок со општинските власти во општина Јегуновце, Министертвото за образование и наука, Педагошкиот Факултет во Скопје и во Бирото за развој на образованието. Овие средби овозможија на делегацијата од БиХ подетално да се запознае со образовниот систем во Р.М со реформите кои се во тек и проекти кои моментално се реализираат во Македонија.

Посетата беше од голема важност и отвори нови можности за соработка помеѓу претставниците на делегацијата и организациите и институциите кои беа посетени во Македоннија.