(01.04.2011) На 01.04.2011 година учениците од двете генерации активно учествуваа на првоаприлското дефиле, организирано во с. Жилче, претставувајќи ги многубројните оригинални маски и костуми. Помеѓу десетте најуспешни маски беа и тие на учениците: Елеонора Симоска (ангел), Арсим Шаќири (далматинец) и Роберт Маринковски (пират). Денот го обележаа детските шеги и насмевки надополнети со добра забава.
