НДЦ Скопје, како и до сега, се приклучува кон обележувањето и промовирањето на Детската недела, како една од задачите на Нансен модел за интеркултурно образование.
Во текот на целата година, низ различни секции и содржини, Нансен модел континуирано ги промовира правата на децата, верувајќи длабоко во детските потенцијали, таленти, оригиналноста и визионерството на најмалите.
Посакуваме да има што повеќе здрави, весели, разиграни, задоволни и среќни деца!