Во текот на февруари 2019. година, наставниците Мирјана Невенова и Фатмире Махмуди заедно со ученици од четврто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Вез” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.
Преку воведната игра „На зајчето му загина капчето“ учениците ја открија темата на дневната активност. Во текот на реализацијата на дневната активност “Капа”, учениците меѓусебно соработуваа и со помош на волница, разновидни конци и платно учениците изработија детски зимски капи.
Цели на активностите се: поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење, запознавање на учениците со основите на везењето како начин на творечко изразување како и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими од областа на уметноста на двата јазика.