На 30.09.2021 год., со големо задоволство беа доделени сертификатите на студентите идни стручни соработници и наставници, кои успешно ги завршија обуките од Модул А.

Во текот на 2021. година НДЦ Скопје воспостави партнерска соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ, како и со Интернационалниот Балкански Универзитет. Како резултат на истата, студентите од Институтите за педагогија и за психологија, како и од Факултетот за образование активно учествуваа на обуките за интеркултурно образование.