Денес беше организирано свеченото доделување на сертификати на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за успешно завршена обука за интеркултурно образование, која што беше организирана од страна на НДЦ Скопје, во соработка со Форумот ЗФД и самиот факултет.

На церемонијата, честитки до студентите упатија проф. д-р Љуљзим Адеми, продекан за финансии, г-дин Арафат Шабани, заменик министер за образование и наука на РСМ, г-ѓица Неал Раими, проект менаџер на Форумот ЗФД и г-дин Ветон Зеколи, извршен директор на НДЦ Скопје.

Во рамките на церемонијата беше обележано и отворањето на интеркултурен дидактичко-методски ресурсен кабинет, како поддршка за наставниот процес на Педагошкиот факултет.