Во октомври 2018. година, наставниците Захарица Илиеска и Маја Митева Петроска реализираа активности во рамките на секцијата “Запознај ја Македонија” од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности за трето одделение.
За реализација на оваа активност учениците користеа работни листови каде што го нацртаа државното знаме и го ставија текстот на химната на Република Македонија.
Целите на активноста се оддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата, збогатување на активниот речник на учениците со повеќе културно- социјални фрази вообичаени за различни пригоди, настани, празници, продлабочување на знаењата за обележјата и вредностите на сопствениот етникум, како и за етничките заедници во Р. Македонија.