На 22 ноември, 2013 година, наставниците наставниците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование при основното училиште „Маршал Тито“ во Струмица, Даниела Митева, Љубинка Цветанова и Мејдин Усинов организираа едукативна работилница за родителите на учениците.
Родителите на учениците од македонската и турската етничка, со голем интерес заедно присуствуваа на работилницата. Темата на едукативната работилница беше „Стравот кај децата“ и е дел од годишната програма за соработка со родителите изготвена од НДЦ Скопје.