Во текот на октомври. 2018, наставниците Светлана Кочовска и Афердита Амедовска заедно со учениците од трето одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Еко Бонтон” од Еко Секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците дискутираа на теми: Правила за однесување во училница и Правила за однесување во непосредна средина. За реализирање на овие активности, учениците забележаа кои правила треба да се почитуваат во училницата, училиштето и во непосредната околина. Тие излегоа во училишниот двор каде собраа отпадоци, со што дадоа придонес за почиста околина. Тие исто така изработија флаери за промовирање на чиста и здрава животна средина.

Цели на активностите се проширување и продлабочување на детските знаења за одредени правила кои треба да се почитуваат во училиштето и училницата, поттикнување на учениците за самостојно креирање јасен  систем на прифатливи правила за однесување во природното опкружување, развивање одговорен однос кај учениците за доследно практикување и почитување на еко- бонтон, развивање одговорен однос за зачувување на чиста непосредна средина, како и зајакнување на другарството меѓу учениците од двете етнички заедници.