Во текот на октомври 2018. година, наставниците Зана Амедовска Сељимоска и Сашка Делова реализираа заеднички активности од Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни  активности за седмо одделение.

Во рамки на месечната тема, Еко бонтон, наставниците ги информираа учениците за Денот на европските јазици додека учениците подготвија постер во врска со темата на кој напишаа зборови на македонски, албански и англиски јазик. Тие, исто така, разговараа за Светскиот ден на храната, за различни култури и за нивните традиции на исхрана и преку бура на идеи, зборуваа за начините како тие во рамките на своето семејство или поблиската околина би можеле да придонесат за помагање, но и намалување на отпадна храна и остатоците.

Цели на активностите се поддржување тимска и тандемска соработка при организирање еко – проектни задачи, поттикнување на еко-свест и еко-совест кај учениците, како претпоставка за одговорно однесување во непосредната околина и збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими од областа на екологијата на двата јазика.