На 29.11.2018 година, наставниците Тодорка Нане и Надица Нане заедно со учениците од петто одделение ја реализираа дневната актвност „Еко пораки“ во рамки на месечната тема „Еко календар“ од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Учениците работеа во групи. Секој даде свој придонес со обележување на различни еколошки пораки и користење нови поими од областа на екологијата на двата јазика.

Целите на оваа активност се самостојно организирање и реализирање на еколошки проектни задачи, збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими од областа на екологијата и поттикнување на еко совест кај учениците, како претпоставка за одговорно однесување во непосредната околина.