На 12 декември, 2014 тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје, организираше работилница во просториите на Тренинг Центарот според Нансен Моделот за интегрирано образование. Работилницата беше организирана за учениците од прва година кои се третата генерација на ученици запишани во проектот Нансен модел за интегрирано образование при ССОУ Моша Пијаде во Тетово.  По работилницата, учениците од албанските и македонските паралелки уживаа во екскурзијата заедно со нивните професори низ градот Скопје.