Надворешната евалуација на Нансен Дијалог Центар Скопје е организрана и спроведена во последниот квартал на 2019.година, фокусирајќи се на критериумите: релевантност, ефективност, ефикасност, влијание и одржливост.

Екстерната ревизија, нарачана од страна на Министерство за надворешни работи на Норвешка, направи осврт и рефлекција на програмските активности на НДЦ Скопје во период од 2008. до 2019.година, земајќи ги предвид сите применети политики, стратегии, севкупната програмска документација и теренските посети.

Реализираната ревизија јасно и прецизно ја потврди важноста на програмските активности на НДЦ Скопје за актуелниот општествен контекст, како и усогласеноста на истите со стратешките приоритети на земјата во образовнате сфера, но и од аспект на посакуваната социјална кохезија и потребите на училиштата како нејзини чинители.

Евалуацискиот извештај е уште една силна поткрепа и потврда за неопходноста на сите напори и заложби на НДЦ Скопје во градењето на интеркултурниот амбиент во воспитно-образовните институции.

https://ndc.mk/wp-content/uploads/2020/03/Ekstrakt-od-evaluacija.pdf