Во текот на ноември. 2018 година, наставниците Светлана Кочовска и Афердита Амедовска заедно со учениците од трето одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Есен во мојот роден крај” од Еко Секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците спроведоа активности околу дневните теми: Кој загадува реките и Житни растенија. Тие работеа во групи, изработија бродови, чамци и сл. кои ги поставија во изработката во форма на река на која додадоа и пораки за заштита на водата. Исто така, наставниците, заедно со учениците, дискутираа за важноста на житните растенија во нашата исхрана и изработија неколку креативни изработки користејќи зрнести растенија.

Овие активности имаат за цел: поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата и конструктивна соработка меѓу децата при реализирањето на групните задачи, запознавање на учениците со процесот на одгледувањето на житните растенија, проширување и продлабочување на ученичките знаења за житните растенија, ориз, пченица, пченка, јачмен, овес итн. и нивните карактеристики, продлабочување на знаењата за потенцијалните опасности и загадувачи на реките во непосредната околина и развивање одговорен однос за зачувување на чисти води.