На 6 ноември, 2013 год. учениците од трета и четврта година при средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Прељубиште, Општина Јегуновце учествуваа на крос натпреварот организиран од страна на НДЦ Скопје во соработка со училишниот персонал. Овој настан е дел од Годишната програма за интегрирани воннаставни активности во рамките на секцијата Нансен спортски клуб. Победници на првите три места на натпреварот се:

Прво место- Камбер Ајдини,
Второ место- Орхан Асани, и
Трето место- Влатко Иловски.

Сите ученици беа активно вклучени на настанот и покажаа одличен спортски дух.