Во текот на ноември 2018. година, наставниците Теута Бајрам Мухарем и Татјана Стаматова, заедно со нивните деца од прво одделение реализираа воннаставни активности на месечната тема: Есента во мојот крај, од Еко секцијата на Годишниот програм за воннаставни интеркултурни активности. Активностите вклучуваа различни теми, како: Есенски пејзаж; Шумски животни и Летот на есенскиот лист.

На 15.11.2018 беше реализирана активноста на тема: Есенски пејзаж, чија цел беше учениците да ги препознаваат промените во природата во есен, поттикнувањето на детскиот творечки и креативен потенцијал, соработката и функционирањето на учениците како една целина во групи изработувајќи и моделирајќи дрвја и пејзаж со суви лисја.

На 23.11.2018 беше реализирана активноста на тема: Шумски животни. Целта на активноста беше учениците да ги препознаваат промените кај растителниот и животинскиот свет, да ги препознаваат промените на природата во есен, да соработуваат и да се почитуваат со другите ученици од  групата. Во текот на активноста, освен што гледаа видеа и дискутираа за шумските животни, тие исто така изработија маски на различни шумски животни, како: мечка, лисица, був и зајак, кои после ги искористеа за имитирање на нивниот глас.

На 29.11.2018 беше реализирана активноста на тема: Летот на есенскиот лист, со која учениците имаа можност да играат игри со суви лисја и истовремено да дискутираат како и зошто се сушат и паѓаат лисјата во текот на есента. Целта на активноста беше за учениците да се сенсибилизираат за групните ликовни продукти, препознавање на промените во природата во есен, соработката, почитувањето на групните правила, и договарањето помеѓу учениците.