(22.03.2011) На 22.03.2011 година, родителите на учениците кои се вклучени во проектот “Интегрирано и двојазично училиште“ ги избрааа членовите на Советот на родители кој брои 8 члена, претседател и заменик претседател.
Родителите како важен партнер во проектот за интегрирано двојазично образование, преку формираниот Совет на родители, активно ќе учествуваат и одлучуваат во планирањето и реализирањето на активностите предвидени со проектот.