На 14 и 15 ноември 2012 год. градоначалникот на Лилехамер г-дин Еспен Јохнсен придружен од страна на општинскиот претставник г-дин Грим Суверуд и г-ѓа Ингун Скурдал од Нансен центарот за мир и дијалог ги посетија просториите на НДЦ Скопје и општината Јегуновце. Целта на посетата беше да се информираат за минатите и тековните проекти имплементирани од страна на НДЦ Скопје и нивното влијание врз локалните општини во Р. Македонија. Претставници на НДЦ Скопје ја презентираа хронологијата на проекти кои се спроведуваат од 2005 година до денес и севкупниот раст на НДЦ Скопје како пионери во полето на интегрираното образование во Р. Македонија. За време на престојот, делегацијата го посети првото интегрирано основно и средно училиште во општина Јегуновце, каде што се сретнаа со наставниците и учениците. Посетата во општина Јегуновце беше проследена со средба со градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Тони Коцески.

НДЦ Скопје и општина Лилехамер имаат воспоставено одлични односи во текот на годините. Соработката продолжува со размена на искуства во разни области.

За повеќе фотографии, кликни тука.